Роналдо повторно има болка во бутниот мускул

Најдобриот фудбалер на денешницата и најголема ѕвезда во репрезентативниот дрес на Португалија, Кристијано Роналдо, го пропушти вчерашниот тренинг, откако повторно почуствува болка во бутниот мускул на левата нога.
Португалските медиуми потврдија дека во националниот тим владее голема загриженост поради лошата здравствена состојба на Роналдо кој скапо го плаќа својот настап во финалниот натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Освен фудбалерот на Реал (М), вчерашниот тренинг го пропуштија и Меирелеш, Хуго Алмеида, Рубен Аморим и Мутињо, но истите немаат никаков проблем со своето здравје и најверојатно ќе бидат во комбинација за пријателскиот натпревар против селекцијата на Грција.
Португалија ќе се натпреварува во групата “Г”, заедно со репрезентациите на Германија, САД и Гана.