Роналдо прогнозира минимална победа на Бразил

Најзаслужниот за светската титула која репрезентацијата на Бразил ја освои за време на Мундијалот во 2002 година, легендарниот Луис Назарио да Лима Роналдо, е убеден дека првиот полуфинален дуел помеѓу домаќинот и селекцијата на Германија ќе заврши со минимален триумф на “кариоките” од 1:0.

“Сите бевме исплашени за здравјето на Нејмар, тој е голема ѕвезда, еден од нашите најдобри фудбалери, но верувам дека и без него можеме да го освоиме Светското првенство. Тој многу ќе ни недостига, но останатите играчи ќе треба да одговорат на предизвикот и да го надополнат неговото отсуство. Добро го познавам Сколари, тој е фантастичен мотиватор и не се сомневам дека ќе ја искористи повредата на Нејмар за да го извлече најдоброто од сите останати. Бразил дефинитивно има квалитет да стигне до финалето, затоа мојата прогноза за полуфиналната пресметка со Германија е триумф на „кариоките“ од минимални 1-0“, изјави Роналдо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.