ФОТО: Роналдо го лансира својот прв парфем

Кристијано Роналдо го лансира својот прв парфем. Окружен со две манекенки 30-годишниот Португалец сними сет фотографии со кои ја промовира мирисната нота со неговото име.

Роналдо го лансира својот прв парфем
Роналдо го лансира својот прв парфем

Фудбалската супер – ѕвезда во Мaдрид организираше забава на која го претстави својот нов производ.

Креирањето парфем е нешто за што сонував отсекогаш. Парфемите се моја пасија. Можете да заклучите многу за личноста врз основа на парфемот што го користи. Сакав да создадам вонвременски парфем што може да се носи секој ден. По мое мислење мажите треба секогаш убаво да мирисаат, а не само во посебни прилики. Во мојот случај, ако не го ставам омилениот парфем, се чувствувам како да не сум се облекол комплетно. Обожавам парфеми и постојано ги користам без разлика на тоа што правам – дали сум на тренинг, натпревар, за излегување, открива Роналдо.

Роналдо го лансира својот прв парфем
Роналдо го лансира својот прв парфем

Првиот парфем на фудбалерот на кралскиот клуб од Мадрид, „Christiano Ronaldo Legacy“ засега може да се нарача само преку официјалниот сајт на Кристијано Роналдо.