Роналдо се „откупил“ од затвор за 6 милиони евра

Напаѓачот на мадридски Реал Крстијано Роналдо платил шест милиони евра даночни долгови за да ја избегне казната, пишува во саботата влијателниот шпански спортски дневен весник Marca.

Според тврдењето на весникот, шпанската даночна служба го обвинува фудбалерот за затајување данок во висина од 15 милиони евра. Надевајќи се дека ќе го избегне кривичното гонење, Роналдо решил доброволно да плати дека од сумата, тврди Marca.

Се додава дека процесот против Роналдо бил отворен своевремено во рамките на истрага со којашто биле опфатени и редица други фудбалери. Случајот на Португалецот бил отворен во 2003 а затворен во 2009 година.

Но според британски The Telegraph, кој се повикува на извори од лондонската агенција и адвокатската канцеларија којашто ги застапува интересите на голгетерот на Реал Мадрид, истрагата одлучила да ја отвори истрагата за португалскиот фудбалер до крајот на јуни.

Според весниците, Роналдо бил оданочуван според едниот од двата начина. Разликата е што во првиот се оданочуваат само приходите остварени во Шпанија, додека во вториот се наплаќаат даноци на сите приходи без оглед на тоа каде се остварени.

Случајот бил отворен во декември 2015 година, кога инспекторатот на шпанското министерство за финансии започнало да ги анализира различните договори на Роналдо, вреднувајќи ги приходите кои мора да се оданочат во Шпанија и кои одговараат на други земји.

Сега доколку случајот биде повторно отворен, и Роналдо биде прогласен за виновен за затајување на данокот, може да се соочи со затворска казна од не помалку од 15 месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.