Роналдо се почести со Ферари вредно 330 илјади евра

Кристијано Роналдо се почести со Ферари вредно 330 илјади евра. Фудбалерот ја збогати својата автомобилска флота со уште едно милениче на четири тркала.

Тој се почести со бело „Ферари 599 ГТБ фиорани“ чијашто основна цена е 330 илјади евра.

Инаку, португалскиот репрезентативец и играч на Реал, веќе поседува импресивна автомобилска флота во која спаѓаат Ролс Ројс Фантом, вреден 362.745 евра, Ауди Р8 (136.011 евра), Ламборџини Авентадор ЛП 700 – 4 (288.278 евра), Масерати Гринкабрио (126.943 евра) и Ауди Q7 (45.349 евра).

Тој за новиот автомобил се пофали на своите следбеници на Инстаграм, каде објави фотографија од сопствениот двор.