Спорт

Роналдо се враќа “дома” ?!

Роналдо се враќа “дома” ?!

Португалскиот ас во редовите на Реал Мадрид, во своите изјави упорно тврди дека и следната сезона ќе биде дел од “кралскиот клуб”, но тоа не го спречува раководството на Манчестер Јунајтед да го направи примарна трансфер цел.

Британскиот таблоид “Метро” објави интересна информација според која “црвените ѓаволи” се подготвени да платат 108 милиони евра за да успеат во намерата да го вратат Португалецот на “Олд Трафорд”. Доколку има вистина во оваа вест, тоа ќе биде навистина големо искушение за Флорентино Перез, бидејќи оваа сума е за 15 милиони евра повисока во однос на онаа која тој ја плати за да го доведе Роналдо на “Сантијаго Бернабеу”.