Роналдо: Сер Фергусон ми е добар пријател

Најдобриот фудбалер во Европа и на светот, Кристијано Роналдо, изјави дека Сер Алекс Фергусон му е одличен пријател.

Шкотланѓанецот го доведе фудбалскиот репрезентативец на Португалија во Манчестер Јунајтед и го направи еден од најдобрите и тоа на сите времиња.

„Се радувам со тоа што сум одличен пријател со Фергусон. Во фудбалот се обидувам да успеам, а патем и да се дружам“, вели Роналдо.

Португалецот истакнува дека е добар и со Мануел Пелегрини и со Италијанецот Анчелоти.

Што се однесува до Мурињо, Роналдо нагласи дека во клубот биле радосни со тоа што се преселил во редовите на Челзи.

„Се радував и јас, како и целиот клуб. Тоа е најважно, за фановите да се задоволни“, порачува Роналдо.

Со Мурињо на чело на лондонските „Сини“, Реал Мадрид успеа да ја освои 10-та, јубилејна титула во Лигата на шамионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.