Роналдо вторпат по ред фудбалер на годината во изборот на ФИФА, се изедначи со Меси

Напаѓачот на европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид и на португалската репрезентација Критијано Роналдо втора година по ред ја освој наградата на Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА за најдобар играч на годината, на свеченоста којашто во понеделникот вечерта беше одржана во Лондон.

За Роналдо ова е петти пат како е прогласен за најдобар играч на годината во кариерата, првпат ова признание го доби во 2008 година, а потоа и во 2013 и во 2014 година, ја освои Златната топка, кога оваа награда заеднички ја доделуваа ФИФА и списанието France Football.

Покрај Роналдо, за оваа награда беа номинирани и Аргентинецот Лионел Меси од Барселона и Бразилецот Нејмар Жуниор кој настапуваше изминатата и оваа сезона за Барселона и за Пари Сен Жермен.

Роналдо, така, се изедначи со Меси според бројот на освоените признанија за најдобар играл на годината, и двајцата сега имаат по пет трофеи.

ФИФА во понеделникот ги додели и наградите за најдобар тренер на годината која ја доби стратегот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, а за најдобар голман во оваа 2017 година е прогласен чуварот на голот на Јувентс и на италијанската репрезентација Џанлуиџи Буфон.

За најдобар гол годинава е избран погодокот на Оливие Жиру против Кристал Палас, кој го доби признанието „Ференц Пиушкаш“. Наградата за фер-плеј му припадна на Франсис Коне, а за најдобри навивачи се прогласени на глазговски Селтик.

За најдобра фудбалерка на годината е избрана Холанѓанката Лиеке Мартенс, додека за тренерка на годината е избрана селекторката на холандската репезентација Сарина Веигман.