Спорт

Рондо се враќа на терените на почетокот на новата НБА сезона

Рондо се враќа на терените на почетокот на новата НБА сезона

Плејмејкерот на Бостон Селтикс, Ражон Рондо би можел да се опорави до отворањето на новата сезона на НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Организаторот на играта на „Селтикс“ кон крајот на септември се здоби со повреда на коската на левата дланка по падот од трамболина, а како стојат работите во моментот, опоравувањето се одвива и повеќе од добро.

Иако требаше да биде надвор од паркетот од шест до осум седмици, сепак можно е брзиот Рондо да се врати и порано од прогнозите .

„Повредата ни малку не ми пречи. Не чувствувам тешкотии при водењето на топката, се надевам дека повредата е зад мене“, рече Рондо.

Искусниот НБА ас поради повредите на лигаментите на коленото пропушти 92 натпревари во две сезони во лигата.

Бостон новата сезона на најсилната кошаркарска лига ја отвора на 30 октомври со дуелот на домашен терен со Бруклин „Нетс“.