Рондо трејдуван во Далас, им се приклучи на Новицки, Елис, Парсонс и Чендлер

Раководството на Далас Маверикс денеска објави дека успеале да дојдат до потписот на 4-кратниот ол-стар Режон Рондо.

Рондо, во пакет со центарот Двајт Пауел ќе се пресели во тимот од Аризона, додека во спротивен правец ќе заминат младиот и талентиран Брендан Рајт, крилото Џае Краудер, плејот Џамир Нелсон и два пика на драфтот – во 2015 од првата рунда, додека во 2016 од втората рунда.

Тој во тимот на „маверикси“ ќе ја комплетира одличната прва петорка, каде веќе играат Монта Елис, Чендлер Парсонс, Дирк Новицки и Тајсон Чендлер.

Рондо целата негова осумгодишна НБА кариера ја помина во тимот на Бостон Селтикс, а покрај четирите избори за учество на Ол-стар натпреварите, одличниот плеј на четири пати беше избран и во најдобрата дефанзивна петорка (2009, 2010, 2011, 2012), а беше и во стартната постава во 2008-та, кога Бостон ја освои титулата.

Режон Рондо има одиграно 527 натпревари, на кои во просек за 32.9 минути постигнува по 11.0 поени, 8.5 асистенции, 4.7 скокови и 1.9 украдени топки.