РОШ Македонија е добитник на наградата за најинвентивна практика за 2016 година

рош

РОШ Македонија го започна проектот Сподели светлина во јануари 2015 година заедно со своите партнери – Црвениот крст на град Скопје, Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи лица на Р. Македонија.

Проектот Сподели светлина беше  поделен во неколку фази, секоја фаза насочена кон различна возрасна група, сè со цел да се допре до сите лица со оштетен вид во нашата земја. Преку реализирање на овој проект, се подигнува степенот на социјализација на лицата со оштетен вид, се организираа работилници и истражувања за детектирање на постојните потреби на овие лица. Исто така, овој проект го поттикна волунтаризмот на вработените во компанијата, кои активно се вклучени во изнаоѓање решенија за проблемите на оваа ранлива група граѓани и привлекување нови партнери.

„Горди сме што сме препознаени за иновативен пристап во решавање на проблемот со инклузија на лицата со оштетен вид. Но уште повеќе нè радува фактот што се идентификувани нови партнери, кои се спремни да се вклучат со своите финансиски и човечки ресурси во проектот Сподели светлина. Заедно можеме да направиме вистинска разлика“, додава директорот на одделот за Market Access на РОШ Македонија,  Ернест Дебрешлиоски.