Росел ќе го направи Меси најскапо платен фудбалер на денешницата

Освен што ја повтори веќе дадената изјава дека додека е претседател на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси нема да замине од “Ноу Камп”, првиот човек на актуелниот шампион на Шпанија, Сандро Росел изјави дека аргентинскиот интернационалец заслужува да биде најскапо платен фудбалер на денешницата.

„Искрено, до сега не сме разговарале со Меси околу можното продолжување на соработката. Нема преговори за нов договор, но можам да потврдам дека вратата од мојата канцеларија секогаш е отворена. Меси мора да биде најскапо платениот фудбалер на денешницата затоа што станува збор за најдобриот фудбалер на денешницата”, изјави Росел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.