Росел ќе поднесе оставка поради случајот „Неимар”

Портпаролот на каталонскиот гигант Барселона пред неколку минути потврди дека за 18:00 часот е закажан вонреден состанок во клупските простории на „Ноу Камп“, а шпанските медиуми се убедени дека голема е веројатноста дека актуелниот претседател, Сандро Росел ќе поднесе неотповиклива оставка.

Во изминатите неколку недели, претседателот на Барса е во центартот на фудбалското внимание поради големиот скандал со трансферот на бразилскиот интернационалец, Неимар.

Иако, откако беше договорен трансферот на Неимар, Росел изјави дека Барселона има платено 57 мил. евра за неговото обештетување, шпанските и бразилските медиуми открија дека Росел не ја кажува вистината и дека каталонскиот гигант има платено рекордни 97 мил. евра за услугите на репрезентативецот на Бразил.