Росел не попушта, Луиз по секоја цена на Ноу Камп

Познатиот спортски весник во Шпанија, „Марка”, пред неколку часа ја пласираше информацијата дека раководните лица на каталонскиот гигант Барселона и понатаму не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Давид Луиз.

Неофицијално, новата понуда на претседателот на Барселона, Сандро Росел, кој ќе биде испратена за време на зимскиот реоден рок сигурно нема да биде помала од 25 милиони евра.

Контроверзниот менаџер на лоноднските „сини”, Жозе Мурињо веќе на неколку пати има изјавено дека 26-годишниот дефанзивец сигурно ќе остане на „Стемфорд Бриџ”, но шпанските медиуми се убедени дека неговиот став лесно ќе биде променет доколку понудата за репрезентативецот на Бразил не биде помала од 35 милиони евра.