Роси: Се мачевме на тестирањата, меѓутоа трката беше перфектна

Валентино Роси славеше на првата трката од новата сезона во Мото ГП, откако во неделата беше најбрз на трката во Катар, а по триумфот изјави дека ова му една од најдобрите победи во кариерата.

“Докторот” на патеката “Лосаил” стигна до 109-та победа во кариерата, и тоа откако во последните два круга водеше голема битка со Андреа Довициозо на Дукати, кого практично го победи во фото-финиш.

На крајот нив ги делеа нештоп повеќе од една и пол стотинка, а на подиумот им се придружи и вториот возач на Дукати, Андреа Јаноне.

“Во последниве три сезони секогаш возев солидни трки и стигав до подиумот во Катар, но оваа победа е многу поинаква. Пресреќен сум бидејќи многу се мачевме на тренинзите и тестирањата, но во текот на сите 22 круга бевме перфектни и јас возев солидно”, изјави Роси.

Овогодинешниот Мото ГП шампионат продолжува со трката за Големата награда на Америка, која ќе се вози на 12 април.