Росоман ќе добие нов резервоар за вода

Претставници на локалната самоуправа на Росомани и на Светската банка денеска потпишаа договор за изградба на нов резервоар за вода за пиење, објави МИА.

– Резервоарот ќе биде со капацитет од 250 кубни метри вода. Ќе се обезбедува вода за пиење за жителите на Росоман, Манастирец и Рибарци. Всушност станува збор за кредит од Светска банка во висина од 4 милиони денари, изјави росоманскиот градоначалник Стојанче Лазов.

Додаде дека 30 литри во секунда ќе доаѓаат во резервоарот во Росоман од регионалниот водовод Лукар со кој се носи вода педесетина километри од планината Кожуф.

– Досега со вода за пиење се обезбедувавме со сопствени бунари крај реката Црна, а сега со оваа нова инвестиција росоманчани добиваат поквалитетно водоснабдување, нагласува Лазов.