“Росонерите” мислат и на иднината – Маури е новиот член на Милан

Хозе Маури од денеска и официјално ќе биде нов фудбалер на Милан.

Младиот талент на Парма стана слободен играч откако тимот беше префрлен во најнизок ранг на натпреварување, а покрај интересот од многу тимови тој ги одбра “росонерите”.

“Како што му кажав на мојот агент, јас сум роден подготвен за овој предизвик”, беа првите зборови на 19-годишниот Аргентинец кој има и италијански пасош и играше за репрезентацијата на “аѕурите” до 17 години.

Неговата игра е слична на Хавиер Маскерано, но негов идол е Џенаро Гатусо, легендата на “росонерите”.

“Генерално мојата игра е како онаа на Хавиер Маскерано, кој е еден од моите омилени играчи, но мојот идол е Џенаро Гатузо. Ние сме многу слични во смисла на желбата за игра и трчањето. Многу сум возбуден. Трансферот засега не е 100% готов, туку само 90%, бидејќи морам да ги минат медицинските прегледи. Милан беше мојот сон, а тоа е најуспешниот клуб на меѓународната сцена заедно со Бока. Се надевам дека ќе му помогнам на Милан да порасне повторно, а тој мене да созреам како играч”, изјави фудбалерот од средниот ред.

Хозе Маури со Милан ќе потпише четиригодишен договор.