Свет

Ротшилд: Светот е на ивица на катастрофата, Европа е на колена, Блискиот Исток во хаос

Ротшилд: Светот е на ивица на катастрофата, Европа е на колена, Блискиот Исток во хаос

Светот сега се соочува со поголема опасност отколку на крајот на Втората светска војна. Невработеност и се заканува на европската благосостојба, а хаосот го голта Блискиот Исток, предупредува Ротшилд. Светскиот БДП разочара со нееднаквата стапка на раст во 2014 година по шест годинимонетарни стимуланси и неверојатно ниски каматни стапки, вели претседателот на РИТ Капитал Партнерс.

Тој се осврна и на проценката на берзите. Како што оценува, вредноста на хартиените пари е падната бидејќи државите настојувале да се натпреваруваат со генерирачкиот раст на штета на својата валута. Еврото и јуанот минатата година ослабеле повеќе од 12 отсто во однос на американскиот долар.

„Покрај турбулентната економска позадина соочени сме со геополитичка ситуација која можеби е и поопасна од било која друга која сме ја имале од Втората светска војна. Хаосот и екстремизмот на Блискиот Исток, ширењето на руската агресија и невработеноста во ослабената Европа се главно порадфи неспроведувањата на структурните реформи во многу земји членки на ЕУ“, вели 78 годишниот бизнисмен.

islamska-drzava-egzekucija-irackih-policajaca-1420499172-605321

Сепак, оваа проценка не е толку мрачна во споредба со прогнозата за минатата година. Тогаш овој банкар сметал дека забавувањето на растот на кинеското стопанство и можното преценување на вредноста на акцијата ќе бидат најголеми предизвици во светот.

Ротшилд верува дека вложувањето во акции и понатаму може да биде добра одлука на инвеститорите и покрај нултиот или пак негативниот принос на обврзниците.

Тој позитивно го оцени тоа што што е поголема компанијата транспарентното пријавување на профитите е поголемо од заедничките прогнози за стабилен раст на примањата.

evro-simbol-foto-ap-1405430137-535221

„Во Европа, комбинацијата на појакото евро, агресивната програма за квантитативно олеснување и приносите од хартиите од вредност може да се води дури и за поголема вредност на акциите“, вели банкарот во својата изјава.

Инаку, од тргувањето со ретки пари со европските крунисани глави од 19 век, преку вештите купувања на британските акции по битката кај Ватерло до финансирање на американските државници, нафтените компании и железниците, Ротшилдови денеска се крајно дискретно уплетени во разновидни деловни бизниси ширум светот.

РИТ Капитал Партнерс котира на Лондонската берза од 1988 година. Оттогаш оваа компанија ја удвоила својата нето вредоност на имотот, како и вредноста на акциите.