Роухани: Иранците имаат право да протестираат, но мора да се воздржат од насилства

Иранскиот претседател Хасан Роухани изјави во неделата дека Иранците имаат право да протестираат и да ја критикуваат владата поради економската ситуација и невработеноста, но нивните акции не смеат да водат кон насилство или оштетување на јавната сопственост, како и дека не им е потребно лажното американско душегрижништво.

„Ние сме слободна нација и се темелиме на уставот и човековите права, народот апсолутно има право да ја критикува владата и да протестираат, но нивните протести мора да бидат такви да ја подобрат состојбата во државата и нивниот живот“, рекол Роухани чиешто соопштение го преследува кабинетот а го пренесува агенцијата IRNA.

„Критиката е едно а насилството и уништувањето на јавниот имот е сосема друго“, вели Роухани во првата официјална реакција по четирите дена протести.

Десетици илјади луѓе протестираат ширум земјата од четвртокот против невработеноста и влошената економска состојба, додека западните медиуми пренесуваат дека се против клерикалната елита и наводно против иранската надворешна политика во регионот.

Што се однесува до изразите на поддршка на демонстрантите коишто ги изрази американскиот претседател Доналд Трамп, Роухани вели дека тој нема никаква позиција да изјавува што и да е за Иранците.

„Овој човек кој денес во Америка сака да сочувствува со нашиот народ заборава дека пред неколку месеци го нарече иранскиот народ терористи. Оваа личност којашто е целосно против иранската нација нема право да зборува со сочувство за народот на Иран“, се истакнува во соопштението на Роухани.

Додава дека националната безбедност, мирот и единството во Иран се „најголемото богатство“ на земјата во немирниот регион на Блискиот исток, и истакнува дека луѓето од сите вери и етнички заедници уживаат во мирниот соживот во Исламската Република.

Протестите продолжија и во неделата како реакција на претходно остро предупредување на владата. Во Техеран полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите, а судири меѓу демонстрантите и полицијата имало и во градовите Хорамдарех, Санандаџ и Керманшах.

Иранскиот министер за внатрешни работи Абдолреза Рахмани Фазли во неделата утрото упати предупредување „за оние кои спроведуваат насилство и поттикнуваат на безредија“ откако уште една ноќ мина во насилни протести.

„Оние коишто уништуваат јавно доба, прават безредија и постапуваат незаконски мора да одговараат за своите дела и да понесат последици. Ќе дејствуваме против насилството и против оние коишто шират страв и терор“, изјави Фазли на државната телевизија.

Ова е првпат од 2009 година протестите да се прошират и на други градови, а во нив според социјалните мрежи убиени се две лица. Таа година протестите беа задушени против повторниот избор на ултраконзервативниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, на чиешто место пред пет години дојде либералниот Роухани.