Роухани му порача на Макрон дека нема да има нов нуклеарен договор

Иранскиот претседател Хасан Роухани му одговори во неделата на својот француски колега по должност Емануел Макрон дека нуклеарниот договор потпишан во јули 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили, мора да остане токму таков, се наведува во соопштението од кабинетот на Роухани.

Во телефонскиот разговор со францускиот претседател, Раоухани нагласил дека Иран нема да излегува од рамките на сегашните обврски, како и дека нуклеарниот договор, познат како Заеднички план за сеопфатна за акција (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA), „на ниеден начин нема да биде тема на преговори“, се истакнува во соопштението од Техеран.

Иранскиот челник во секој случај изразил подготвеност за преговори за други прашања, додавајќи дека „Иран е подготвен да преговара за да ја обезбеди регионалната стабилност и безбедност, особено во борбата против тероризмот“, Роухани нуклеарниот договор го опишал не само како конструктивен за мирот во регионот, туку и како основа за довербата меѓу Западот и Иран.

Според кабинетите на двата претседатела, телефонскиот разговор меѓу Роухани и Макрон траел повеќе од еден час.

Според Елисејската палата, Макрон во текот на разговорот изразил желба нуклеарниот договор од 2015 година биде сочуван и „разговорите по трите дополнителни теми – контролата на нуклеарните активности по 2025 година, иранската балистичка програма и клучните регионални кризи – да започнат“.

„Претседателите на Франција и на Иран се договорија да работата во текот на следните седмици на зачувувањето на содржината на договорот од 2015 година во сите свои компоненти, како и за состојбата во Јемен и Сирија“, се истакнува во соопштението од резиденцијата на францускиот претседател.

Се наведува, исто така, дека двајцата лидери се согласиле „советниците и министрите да бидат во можност да работат на спомнатите теми во следните денови и седмици во контакт со постојаните членки на Советот за безбедност при ОН и европските и регионалните партнери“.

„Претседателот на Републиката потсети дека Франција останува во рамките на договор од 2015-та и ќе работи на постигнување напредок во однос на другите теми на коишто се осврна. Тој ја истакна неопходноста од избегнување секоја ескалација на тензиите во регионот“, соопштија од Елисејската палата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.