Роухани: Ниту десет Трампа не можат да ги поништат достигнувањата на нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Роухани во саботата го пофали договорот за нуклеарната програма на Иран постигнат во 2015 година со шесте светски сили и порача дека ниту десетмина како американскиот претседател Доналд Трамп не може да ги постигне неговите достигнувања.

Договорот кој во 2015 година го склучија Иран со големите сили членки на Советот за безбедност на ОН: САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија треба да гарантира мирољубиво цивилно користење на иранската нуклеарна програма и прекин на програмата за збогатување ураниум до ниво коешто може да доведе до производство на нуклеарно оружје, во замена за постепеното укинување на децениските санкции за Техеран.

„Ниту Трамп, ниту десет други Трампа нема да можат да ги уназадат неповратните користи од договорот“, изјави иранскиот претседател Хасан Роухани во говорот на техеранскиот универзитет.

Американскиот медиуми известија дека претседателот Трамп им намера негативно да го оцени договорот со Иран уште на почетокот на следната седмица во пресрет на рокот за извештајот за иранската почитување на договорот. Се очекува дека Трамп ќе каже дека договорот не е во националниот интерес на САД.

Одлуката на Трамп, сепак, во целост не го отфрла договорот, но го отвора простор за негови измени, пишува The Washington Post.