Роухани порача дека Иран ќе продолжи со ракетната програма

Иран и натаму ќе произведува ракети неопходни за својата одбрана и не смета дека со тоа го прекршува меѓународното право, изјави претседателот Хасан Роухани во неделата во говорот пренесуван на јавната телевизија.

Говорот на иранскиот претседател Хасан Роухани доаѓа неколку дена откако американскиот Претставнички дом изгласа нови санкции поради иранската ракетна програма, во рамките на напорите на Вашингтон да го присили Техеран да го промени однесувањето а притоа без примени на мерки коишто веднаш би го поткопале меѓународниот нуклеарен договор, на што се противат и американските сојузници и другите светски сили Русија и Кина како потписнички на историскиот договор од Виена од 2015 година.

„Градевме, градиме и ќе градиме ракети, и со тоа не ги нарушуваме меѓународните договори. ЌЕ го произведуваме секој вид оружје коешто ние е потребни, ќе го чуваме и ќе употребиме во секое време за да се одбраниме“, изјави Роухани во своето обраќање пред иранскиот парламент.

САД веќе наметнаа еднострани санкции за Иран, велејќи дека неговите тестирање со ракетите ја кршат резолуцијата на Обединетите нации, со коишто Техеран се повикува да не презема активности со ракети кои се способни да носат нуклеарно оружје.

Иран повеќепати изминатите децении негираше дека развива нуклеарно оружје, како и дека не планира да изгради такви проектили.

Роухани, исто така, ги критикуваше САД поради тоа што американскиот претседател Доналд Трамп претходно во октомври одби формално да потврди дека Техеран се придржува до договорот од 2015 година за нуклеарната програма, иако тоа го потврдија и меѓународните експерти кои имаат инспекторски пристап до иранските нуклеарни постројки.

„Ги пренебрегнувате минатите преговори и договори коишто ги одобри Советот за безбедност на ОН, а од другите очекувате да преговараат со Вас? Имајќи ги предвид своето однесување, Америка би требало да ги заборави сите идни разговори и договори со други земји“, додаде Роухани алудирајќи на земји од источна Азија кои не ги спомена, но очигледно мислејќи на Северна Кореја.

Американскиот министер за одбрана Џом Матис во саботата изјави дека не може да замисли САД кога и да е да ја прифатат нуклеарна Северна Кореја и истакна во текот на седумдневната турнеја по Азија дека Вашингтон се залага за дипломатијата како начин на разрешување на споровите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.