Роухани порача дека Иран не сака „нови тензии“ во регионот

Иран не сака нови тензии на Блискиот исток, изјавил во четвртокот вечерта иранскиот претседател Хасан Роухани во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, при што не ги споменал израелските воздушни удари во Сирија против ирански цели.

Израел во четвртокот во мугрите изведе десетици смртоносни удари врз цели во Сирија за коишто тврди дека се ирански, истакнувајќи дека возвраќа на иранското ракетирање на окупираните делови на сириската Голанска висорамнина под негова контрола.

На прашањето AFP, иранското министерство за надворешни работи не ги коментираше овие информации.

„Иран секогаш ги смируваше тензиите во регионот обидувајќи да ја зајакне безбедност и стабилноста“, рекол Роухани според она што е пренесено на мрежната страница на иранскиот претседателски камбинат.

„Иран не сака нови рензии во регион“, додал иранскиот претседател чијашто земја воено го помага сирискиот претседател Башар ал-Асад во сирискиот конфликт со бунтовниците кои ги помагаат сунитските земји од регионот и џихадистичките групации како Исламска држава.

Зборувајќи за присутноста на „иранските воени советници во Сирија“, Роухани додал дека „благодарајќи на борбата на Иран на страна на сирискиот и ирачкиот народ против терористите на ДАЕШ (арапска кратенка за Исламска држава – з.р.) остварена е сразмерна стабилност во Сирија и дробра стабилноста во ирак, што е добро за регионот, светот и Европа“.