Роверот на НАСА Опортунити остаре, покажува знаци на „амнезија“

Роверот на НАСА Опортунити може да се смета за ветеран во истражувањата на Марс, со оглед на тоа што ја истражува планетата од јануари 2004 та година. Иако роверот сеуште работи добро, сепак во последните неколку дена покажува знаци на старост. Се почесто се појавуваат проблеми со меморијата, а инженерите бараат начин за да ги решат овие зачестени појави на „амнезија“.

Роверот користи два типа на меморија. Првата меморија е трајна и податоците зачувани на неа нема да се избришат дури и ако системот се изгаси, додека другиот тип меморија е краткотрајна и податоците се бришат веднаш по гасењето на системот.

Така во последно време Опортунити често се гаси без да биде програмиран за тоа, со што инженерите се почесто се соочуваат со губење на податоци. Од НАСА велат дека роверот покажува знаци кои наликуваат на амнезија. Во моменти кога системот се обидува да зачува податоци во трајната меморија, не е во можност тоа да го направи, а во такви околности ја користи краткотрајната меморија. Како резултат на ова секој пат  кога Опортунити ќе се угаси, новите информации се бришат.

Иниженерите во моментов се обидуваат да го форматираат системот на Опортунити, слично како што се обидоа тоа да го направат и со роверот Спирит, кој во 2010 година, по 6 години работа на Црвената Планета, престана да работи.

фото: wallstreetotc.com