Розберг: Ќе направам промени и ќе го победам Луис

Германскиот Ф1-возач Нико Розберг вели дека неговиот тимски колега, Луис Хамилтон не му е важен и дека ќе го победи на наредната трка. На последната трка за ГН на Бахреин победи Хамилтон, а на прес-конференцијата Розберг го нападна Британецот дека го успорувал и му ја упропастил трката.

“Луис може да вози како сака, тоа си е негово. Мене неговото возење ми е навистина неважно. Морам да се обидам да се вратам на вистинскиот пат и да направам победничка низа како минатата година. Признавам, бев бесен кога седев покрај него на пресот. Понекогаш, односите меѓу нас се нормални, но понекогаш се и лоши. Сега ситуацијата меѓу нас е повторно тешка, но не гледам причина да дискутирам на таа тема. Нема да има драстични промени во нашиот однос, туку јас ќе направам промена во моето возење и на наредната трка ќе го победам Луис!”, изјави Розберг.