Спорт

Розберг на Хофенхајм ќе вози со специјална кацига

Розберг на Хофенхајм ќе вози со специјална кацига

Возачот на тимот Мерцедес во Формула 1, Германецот Нико Розберг доби специјално изработена заштитна кацига за трката овој викенд во Хофенхајм. Дизајнерите му изработија Кацига со омаж на новиот светски фудбалски првак.

Овој чин е продолжување на еуфоријата што ја зафати Германија по освојувањето на шампионскиот трофеј на неодамна завршениот Мундијал во Бразил.

Како што е наведено во германските медиуми, кацигата по завршувањето на трката ќе оди на аукција, а приходот од продажбата ќе биде наменет во добротворни цели.

Претходно дел од германските фудбалери носеа копачки со натпи „Продолжи да се бориш Михаел“ алудирајќи на Шумахер.