Розберг најбрз во Мелбурн, Хамилтон и Фетел не ја завршија трката

Германецот Нико Розберг (Мерцедес) ,стартуваше со победа во новата сезона во Формула 1 . Тој ги искористи проблемите на неговиот тимски колега Луис Хамилтон и бранителот на титулата Себастијан Фетел ( РедБул) за да стигне до победата на трката сезонава возена за ГН на Австралија во Мелбурн.

Германецот триумфираше со резултат 1:32.58 часа. Второто место му припадна на Дани Ричиардо од Ред бул, а трет беше Кевин Магнусен од Мекларен, за кој ова беше прв подиум во Ф-1 кариерите.

Хамилтон имаше очаен старт и веднаш ја загуби пол-позицијата, за веќе во третиот круг ја заврши трката. Слична беше ситуацијата и со Фетел, кој на самиот почеток се пожали на проблеми со моторот, за во седмиот круг да го паркира болидот во тимската гаража.

Пласман на трката за ГН наАвстралија: Нико Розберг (Мерцедес ГП), Дани Ричиардо (Ред бул), Кевин Магнусен (Мекларен), Џенсон Батон (Мекларен), Фернандо Алонсо (Ферари), Валтери Ботас (Вилијамс), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Жан Ерик Верње (Торо росо), Кими Раиконен (Ферари), Данил Квијат (Торо росо).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.