Федерер во финале со Цонга на Мастерсот во Торонто

Роже Федерер обезбеди уште една борба за титула откако синоќа во полуфиналниот дуел на Мастерсот во Торонто го победи со 2:0(6:3,6:4) шпнаскиот тенисер кој е атипично подобар на тврда подлога отколку на земја, Фелицијано Лопез.

Противник на Федерер во финалето ќе му биде Жо Вилфрид Цонга кој во другиот полуфинален дуел беше подобар од бугарскиот тенисер Григор Димитров и ќе игра во своето трето мастерс финале.