сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 40

РСБСП апелира безбедно возење на децата во седиште

РСБСП апелира до возачите, до родителите, да го почитуваат Законот и да ги заштитат своите деца од повреди и загуби односно да користат соодветно детско седиште.

deca

Последни вести

Децата кои се жрвти во сообраќајни несреќи се најчесто патници. Статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажува дека во текот на минатата година од 148 заигнати лица, 22 биле деца до 18 години, а девет од нив биле на возраст до 4 години.

РСБСП  апелира до возачите, до родителите, да го почитуваат Законот и да ги заштитат своите деца од повреди и загуби односно да користат соодветно детско седиште.

Како што наведуваат во соопштението употребата на детски седишта, ја намалува смртноста кај децата за 50 отсто, а кај бебињата и до 70 проценти.

Според  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој стапи на сила во октомври минатата година, во патнички автомобил, на предното седиште, не смее да се превезува дете помало од 12 години. Исто така, според истиот Закон, во патнички автомобил, на задното седиште, смее да се превезува дете помало од 5 години, во поставено посебно детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

Што се однесува до предното седиште, според РСБСП, смее да се превезува дете до 2 години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште, поставено спротивно од правецот во кој се движи возилото и истото е прицврстено за седиштето во возилото, со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.

Во Република Македонија, како што наведуваат во соопштението, не постојат официјални податоци во колкав процент се користат детските седишта во автомобилите,  сепак неофицијалните информации укажуваат дека само еден мал процент родители купиле седишта за нивните деца што укажува на тоа  дека процентот на деца кои се превезуваат во детско седиште е недозволиво мал и покрај тоа што тоа е законска и родителска обврска.

За возачите кои не ги почитуваат одредбите од Законот, предвидена е мандатна казна во износ од 35 евра (во денарска противвредност) или ќе им бидат регистрирани 15 негативни бода

РСБСП смета дека за комплетна заштита на децата во сообраќајот особено е важно да се одбере соодветно седиште и тоа правилно да се постави. Строго е забрането детското седиште да се постави доколку има воздушно перниче што се отвора директно пред него бидејќи тоа би резултирало со тешки телесни повреди за бебиња и мали деца при евентуално негово отворање. Ако вашето возило има воздушно перниче што се отвора кон столчето, потребно е да го исклучите во некој од овластените сервиси за вашиот автомобил.

Најчитани вести