Македонија

РСБСП донира опрема од 300.000 денари за сообраќајната полиција

РСБСП донира опрема од 300.000 денари за сообраќајната полиција

Опремата денеска ја промовираа претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи на Македонија Оливер Андонов.

Андонов рече дека прашањата кои се однесуваат на безбедноста на сообраќајот на патиштата не засегаат сите и се заблагодари на РСБСП за донацијата.

Сите ние сме учесници во сообраќајот на еден или друг начин, како пешаци, возачи или велосипедисти. Сообраќајната полиција како дел од МВР има законски надлежности да презема контрола и регулирање на сообраќајот во Македонија. Овие батериски ламби ќе бидат дадени на Бирото за јавна безбедност, што потоа ќе ги расподели по единици според нивната потреба, рече Андонов.

Посочи дека МВР секогаш има потреба од нова опрема и дека донацијата, иако наизглед едноставна, е неопходна за нормално извршување на задачите и многу значајна за динамиката со која се справува со сите ризици и закани за безбедноста.

Стаменковски рече дека прашањето на безбедноста на сообраќајот бара мулти-секторски пристап од страна на сите чинители, но и меѓусебна соработка меѓу сите јавни институции.

Остваруваме силна и постојана соработка со МВР и тоа на повеќе нивоа и повеќе области. Согласно последните измени на Законот за безбедност во сообраќајот РСБСП има обврска дел од своите средства да ги намени за модернизација на опремата на сообраќајната полиција. РСБСП обезбеди 35 батериски ламби за потребите на полицијата, со вкупна вредност од околу 300.000 денари, рече Стаменковски.

Посочи дека ламбите се со спецификации кои се согласно прописите и правилата за работа во МВР, а се набавени од позната компанија со искуство во продажба на полициска опрема.

Статистиката за првите десет месеци од годинава покажува дека 138 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи. На негативните бројки треба да се одговори со конкретни мерки, а токму ова е еден дел од тоа, рече Стаменковски.