Македонија

РСБСП: Кампањата за безбедност во сообраќајот има одличен одзив кај граѓаните

РСБСП: Кампањата за безбедност во сообраќајот има одличен одзив кај граѓаните

Во текот на вчерашниот ден во рамки на кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на своите активности во време траење од еден час, односно од 13:30 до 14:30 часот на две раскрснци во Скопје изврши набљудување за користење на појаси и кациги кај возачите.

Со набљудувањето биле опфатени 260 патнички моторни возила и 130 моторциклисти и мопеди, од кои 37 отсто употребувале , а 63 отсто не употребувале сигурносен појас.

– Иако според Законот е задолжителна употребата на сигурносен појас во патничко моторно возило и на задното седиште, утврдивме дека ниту еден патник не не користи сигурносен појас на задно седиште, посочи претседателот на РСБСП Никола Ангеловски.

Од возачите на моторциклисти и мопеди пак 85 отсто носеле кацига, а само 15 отсто не носеле кациги, додека пак доколку има втор патник на моторцикот – тој начесто е без кацига.

– Кампањата на Владата на Р.Македонија има одличен одзив кај граѓаните и забележани се подобрувања за употреба на кациги кај моторциклистите, но навиките за употреба на сигурносниот појас споро се менуваат, па затоа семтаме дека кампањата за употреба на сигурносни појаси кај возачите и сопатниците на предните и задните седишта во автомобилот треба и понатму да продолжи, истакна Ангеловски.

Тој додаде и дека кампањата и понатаму ќе продолжи со несмален интензитет со цел подигнување на свеста кај граѓаните за носење на безбедносни појаси и кациги.

Од идната недела екипи од РСПБС на патиштата низ Македонија ќе поделат 50.000 флаери за користење на сигурносен појас, од кои 40.000 ќе бидат на македонски а 10.000 на албански јазик. Исто така ќе се делат и фрешери за во автомобили со логото на кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“.