четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 63

РСБСП предупредува за опасности кои ги демнат возачите во есен

РСБСП укажува на некои важни работи на кои возачите треба посебно да внимаваат во овој период од годината.

rsbsp

Последни вести

Иако многумина сметаат дека зимата е најопасниот период од годината за возење (и во многу аспекти тоа и е благодарение на обилните врнежи од снег, замрзнување на дождот и мрзнење на коловозот), сепак и возењето во есен, исто така, им амногу опасности и предизвици.

Токму затоа, РСБСП укажува на некои важни работи на кои возачите треба посебно да внимаваат во овој период од годината:

Проверете го вашиот автомобил

Во овој период од годината, задолжително направете основен преглед на течностите во возилото, воздушниот притисок во гумите, бришачите, сопирачките, моторот, како и останатите критични делови. Не дозволувајте да ви откаже некој дел од возилото бидејќи и со повик наслужбите на кои основна дејност им е помош на патот и се секогаш на располагање, со само еден телефонски повик за помош, кога ќе се најдете на пат или на некое високо планинско место кое е изолирано од поголемо населено место,пристигнувањето на екипата за помош може да бара одложување на неколку часа пред таа да се појави.

Внимавајте на листовите

Свежо паднатите лисја може да предизвикаат голема опасност на патот. Влажните лисја може да предизвикаат лизгање на возилото – што дефинитивно не е нешто што сакате да ви се случи кога ќе возите по кривулести планински патишта.

Сувите лисја кои летаат од возилото може да влезат во тесните пукнатини во шасијата и во другите делови на подвозјето на возилото.

Избегнувајте да возите навечер

Есен е кога „го враќаме назад времето“ на нашите часовници и на крајот на денот тоа значи порано заоѓање на сонцето и намалена видливост на патиштата.

Имајте го ова на ум кога одите на пат во есен, тоа е исто како да возите на непознат (и со лисја покриен) пат. Ваквите патишта по зајдисонцето можат да бидат опасни.

Бидете особено внимателни на пат со оштри или заоблени кривини или пак на оние со големи стрмнини и внимавајте на останатите учесниц во сообраќајот, возачи, пешаци и велосипедисти.

Бидете внимателни на замрзнатите патишта

Мразот особено преовладува во некои делови од земјата во текот на месеците октомври и ноември, особено на местата со висока надморска височина.

Доколку сте во можност,  порано од законската обврска овозможете му на вашето возило зимски пневматици (наречени „зимски гуми“ во индустријата за гуми) пред да заминете на експедиција на есенско возење, а воедно бидете сигурни дека вашите сопирачки и светла функционираат правилно.

Внимавајте на мразот. Тој може да изгледа како мала локва вода, да ве залаже да возите побрзо, а со тоа да се најдете во потенцијална опасност.

Запомнете, мостови обично се покриени со мраз иако останатиот дел од патот не е (главно поради студениот воздух кој не може да циркулира над и под патот), па бидете дополнително внимателни кога преминувате на мост во текот на ладните есенски и зимски денови.

Внимавајте на останатите учесници во сообраќајот

Да се доловат убавите есенски пејзажи и да се искористат последните есенски зраци е доволна причина сите учесници во сообраќајот да ги управуваат своите возила со помала брзина од вообичаената и под одвлечено внимание.

Ваквото однесување може да предизвика опасни ситуации за сите возачи и за сите останати учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, мотоциклисти). Држете поголемо растојанието меѓу себе и возилото пред вас, особено кога возите на опасни патишта.

РСБСП советува – грижете се за вашиот автомобил и тој ќе се грижи за вас!

Најчитани вести