петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 45

РСБСП со совети за безбедно возење во зимски услови

zimskaopremasrednja

Поврзани вести

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и на патиштата објави повеќе совети за безбедно возење во зимски услови.

Интегрален текст од соопштението на РСБСП:

Продолжените сончеви есенски денови придонесоа да подзаборавиме на студената зима и на возењето на нашите автомобили во зимски услови. Но, зимата е на прагот, а ние ќе се потрудиме да ви дадеме неколку корисни совети за возење во зимски услови на патиштата:

  • Зимски гуми – во овие услови ве советуваме да возите со зимски гуми на сите четири тркала (длабочина на шарата од 4mm),како и ланци кои се местат по потреба. Со тоа не само што ќе ја исполните законската обврска, туку и ќе ја зголемите вашата безбедност.
  • Не е лошо со себе секогаш да имате мала лопата, малку песок, стара крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.
  • Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобил со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, „мртвите агли“ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.
  • За полесно и побрзо да ги одмрзнете прозорите и ветробранското стакло вклучете ги сите потрошувачи на струја: светла, светла за магла, запалка, греачот на задното стакло, стиснете на кочница и вклучете ја климата. На овој начин стаклата ќе ги одмрзнете за 3-4 минути, место за 10 колку што обично би ви биле потребни. Кога ќе се одмрзнат стаклата, едно по едно исклучете ја климата и останатите потрошувачи на струја кои не ви требаат.
  • Раскомотете се во автомобилот.
  • Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50% подолг отколку во нормални услови.
  • Држете поголемо растојание со возилото пред вас.
  • Не го менувајте нагло правецот на движење.
  • Поспоро забрзувајте, намалувајте ја брзината со нежно отпуштање на гаста, притискање на кумплунгот и постепено кочење.
  • При влегување во кривина постепено одземајте ја брзината и кочете полека.
  • Доколку возите во длабок снег, држете го воланот право за предните и задните гуми да имаат ист правец на движење. Ако сте заглавиле во снег и со гумите вртите во место, ставете патосници под гумите, песок или стари крпи – така најлесно ќе излезете од снегот.
  • На угорница и на удолница возете со помала брзина од онаа со која би возеле во нормални услови.
  • Бидете колегијални во сообраќајот.

РСБСП, ве советува: Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во градскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете во вашиот дом.

Најчитани вести