РТС: Нападнати Ивона Талевска и Сител, осуда од Србија

Осуда за нападот стигна и од колегите и новинарските здруженија, а осуда за нападот и поддршка да се продолжи со професионалното работење дадоа и преставници на државниот врв во Србија.

Еден ден по нередите во Скопје се пребројуваат повредените и уапсените, а страните во судирот меѓусебно се обвинуваат за инцидентите, јави синоќа РТС.

rts_ivonaaaa

Телевизијата наведе дека во две болници згрижени се, според нивните информации 20 полицајци, од кои 6 се задржани, а приведени се 30 лица Вечерва на новиот протест на опозицијата, заради силното полициско присуство немаше поголеми нереди, но имаше инциденти. Демонстрантите ја нападнаа екипата на ТВ Сител и колешката Ивона Талевска која пред тоа, за нашата телевизија го направи следниот прилог кој следи, јави РТС.

Осуда за нападот стигна и од колегите и новинарските здруженија, а осуда за нападот и поддршка да се продолжи со професионалното работење дадоа и преставници на државниот врв во Србија.