Руанда: Посебен режим за лицата кои биле во САД или во Шпанија

Министерството за здравство на Руанда побара од лицата кои во изминатите 22 дена престојувале во Шпанија и во САД, при влез во земјата да бидат прегледани од лекар, поради епидемијата од ебола, соопшти денеска Амбасадата на САД во Кигали.

„Бидејќи во САД и во Шпанија се регистрирани случаи на ебола, патниците од тие земји при влезот во Руанда ќе им биде измерена телесна температура. На патниците со зголемена телесна температура ќе им биде забранет влез во Руанда, а другите ќе мора секој ден да одат на прегледи“, се посочува во соопштението.

Амбасадата на САД во Кигали посочи дека во Руанда не е дозволен влез на лица кои доаѓаат од Гвинеја, од Либерија, од Сенегал и од Сиера Леоне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.