Рубенс Муртовски е Актер на Европа

Актерот Рубенс Муратовски ја доби наградата за најдобра улога на театарскиот фестивал “Актер на Европа”, кој заврши викендов во ресенскиот Сарај. Токму со претставата каде што Рубенс ја игра главната улога, Вејка на ветрот” од Коле Чашуле во режија на Ирена Стеријовска, заврши овогодишното дванаесетто издание на фестивалот. На фестивалот му беше доделена и наградата за животно дело на актерот Раде Шербеџија.

Во поздравниот говор претседателот на стручното жири, актерот Мето Јовановски, рече: Достоевски, еден од најмаркантните великани, мислители и познавачи на библиските универзални вредности, вели дека убавината ќе го спаси светот, мислејќи на убавината во нашите души. Само во чиста, чедна и невина душа може да се роди возвишена убавина, како духовна радост и уметност за сите нас”.

Награда за најдобра претстава доби театарската претстава “Тобелија”, заеднички проект на Словенија, Бугарија, Македонија и Црна Гора, за најперспективен млад актер – актерката Ноника Малкотузи од Грција за претставата “Перверзија”.

Петте театарски изведби во ресенскиот Сарај ги погледнале над 1.300 љубители на театарот.