Спорт

Рубин Казан е моќен тим, но не е тоа што беше – Работнички МОЖЕ до групите во ЛЕ

Рубин Казан е моќен тим, но не е тоа што беше – Работнички МОЖЕ до групите во ЛЕ
Дали "романтичарите" ќе го покорат Рубин и уште еднаш да ги наполнат македонските срца ?

Денешната ждрепка во Нион сакаше “романтичарите” да добијат доста незгоден противник, иако Рубин ја нема истата сила како претходните неколку сезони, кога беше еден од најмоќните тимови во руското првенство.

Русите играа двапати во ЛШ во сезоните 2009/10 и 2010/11, а три години потоа играа во групите во Лига Европа од 2011 до 2014. Во минатата сезона, Рубин заврши како петопласиран во рускиот шампионат, а на почетокот на сезонава по три кола имаат три порази и се последни на табелата, форма која може само да ги радува фудбалерите на Работнички во пресрет на двомечот со рускиот тим.

Првиот натпревар се игра во Скопје на 20 август, додека реваншот е седум дена подоцна во Казан.

Рубин Казан е последната пречка пред Работнички за пласман во групната фаза од Лигата на Европа
Рубин Казан е последната пречка пред Работнички за пласман во групната фаза од Лигата на Европа