Рубљата го возвраќа ударот

По рекорднеиот пад на вредноста на руската валута во вторникот, денешните податоци укажуваат на закрепнување на рубљата, јавува Раша тудеј, пренесува Нетпрес.

Вредноста на руската рубља од утрово порасна во однос на еврото и доларот, по вчерашниот неверојатен пат од 20 отсто.

Московската берза објавила податок за раст на рубљата и според податоците таа утринава изнесувала 67,4 за еден долар, додека едно евро утрово вредело 84 рубљи.

Руската централна банка вчера ја зголеми референтната каматна стапка од 10, 5 на 17 отсто во обид да ја зајакне рубљата и да ја спаси економијата.

Инаку терминските цени на нафтата денеска повторно забележаа пад на азиските берзи, на што најмногу влијаеше големиот пад на вредноста на руската монета.