Рубљата остана без четири нули, а за прв пат ќе се воведат и кованици

Белоруската монета загуби четири нули, откако централната монетарна власт во таа земја изврши ревалвација на белоруската рубља во однос 10.000 спрема 1.

Како што е соопштено, постоечките банкноти сукцесивно ќе бидат заменети, а во земјата за прв пат ќе почнат покрај хартиените банкноти да се користат и кованици.

Во изјавата на Националната банка на Белорусија се наведува дека се преземени сите неопходни мерки за на финансиските и кредитните институции да им се обезбедат доволни количини од новите банкноти.

Белорусија во 1992-та година воведе своја валута, набрзо по крахот СССР, а од тогаш веќе два пати ја ревалвираше својата валута – 1994-та и 2000-тата година од 10:1 и 1.000:1, респективно.