Рубљата паѓа поради Западот

Вашингтон и западните земји со своите политики на санкции кон Русија и со манипулациите на светските берзи на нафта, влијаат врз падот на вредноста на рубљата, изјави денеска директорот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), Михаил Фрадков.

Фрадков обвини дека падот на цената на нафтата на светските берзи за над 30 отсто, делумно е резултат и на „американсиите акции“, нагалсувајќи дека никој не сака да види една јака и независна Русија.

Падот на цената на нафтата, која е еден од главите извозни ресурси на Русија, доведе до намалување на вредоста на рубљата, кој уште е под дополнителен притисок и поради западните санкции кон Русија. Од почетокот на годината вредноста на рубљата во однос на американскиот долар се намали за 39 отсто.

– Секоја шпекулација има специфична шема, а шемите имаат бројни учесници, додаде Фрадков.

Путин вчера во обраќањето пред пратениците во рускиот Парламент изјави дека Москва „точно знае кој профитирал благодарејќи на шпекулациите против руската рубља“ и дека Владата и централната банка на Русија „имаат оружје да ги казнат“.