Рударите од рудниците Тораница и Злетово се на своите работни места

Во рудниците за олово и цинк, Тораница и Злетово, во сопственост на компанијата Индо Минерали и Метали, дел од Бинани групацијата, работниците се на своите работни места.

Денес е исплатен еден дел од задоцнетата плата, а остатокот ќе биде исплатен следната недела, согласно договореното помеѓу вработените и менаџментот.

Во текот на вчерашниот ден, група од мал број рудари одбиле да излезат од јамите, а притоа, биле поддржани од неколкумина колеги кои одбивале да ги извршуваат своите работни обврски. Активностите биле организирани од мала група вработени и индивидуалци, водени од лични интереси.

Компанијата Индо Минерали и Метали Македонија е посветена на грижата за сите вработени и ги прави сите потребни напори, со цел оддржување и почитување на работничките права.