Рударите во Доњецк: Киев повеќе не владее со нас

Околу 1000 рудари денес протестирале на улиците на Доњецк барајќи од регионот на Доњецк да се повлече украинската војска.Рударите им пружиле поддршка на вооружените проруски активисти кои се борат против украинските сили со цел да ја одбранат својата самопрогласена „народна република Доњецк“ на истокот на Украина, пренесува Ројтерс.

„Киев не владее со нас, ние не го прифаќаме“ им рекол на рударите прорускиот активист Денис Пушлин.

Демонстрантите кои се членови на најголемиот украински синдикат на рудари, носеле знамиња на таканаречената „Народна Република Доњецк“ и транспаренти на кои пишувало „Ќе го оживееме Донбас“.

Донбас, во кој се наоѓаат бројни рудници за јаглен и фабрики за производсто на специјален челик за руски тенкови, го претставуваат индустриското срце на Украина.

„Сакам мир и можност да работам и заработувам пари. Сакам окупаторската војска да си оди и да се врати на својата киевска хунта“ рекол еден од рударите, вработен во државниот рудник Абукумов.

Поединечни независни синдикати на рудари се дистанцирале од денешниот протест во Доњецк.

„Ние не ги признаваме тие акции“, рекол шефот на независниот синдикат на рудари Микола Војнико, истакнувајќи дека демонстрантите продолжуваат да работат во насока да си ја разбијат земјата.

Ивештај за судирите денеска нема, но локалното население рекло дека се слушаат истрели од подрачјето во кое се наоѓа зградата  на регионална служба за безбедност, која ја заземале проруските активисти, навела агенцијата Ројтерс.

Во градот Доњецк на истокот од Украина од синоќа на сила е полициски час, а покрај тоа синоќа во 20 часот прекинат е и јавниот превоз.

Украинските сили на безбедността вчера втор ден по ред се бореа со проруските активисти во Доњецк, а владата на Украина соопшти дека ќе продолжи со воената офанзива „се додека ниеден терорист“ не остане на украинска територија.