11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Рударите во Саса на штрајк, си ги бараат ветените 700 евра плата и бенифициран стаж

Владата на Република Македонија на синоќешната 58 седница реши да биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран. Ова е уште еден удар врз рударството, а се уште не се знае сумата која државата ќе ја плати за едностран раскин на договорот. За иронијата да биде уште поголема договорот за Казандол го има потпишано вицепремиерката, Радмила Шеќеринска уште во 2005 година.

Над 300 вработени во рудникот Саса денес излегоа на штрајк барајќи поголеми плати. Мултиетничкиот рударски синдикат бара подобри услови за работа и повисоки плати. Рударите маршираа и го блокираа патот кон рудникот, а ги пропуштаа сите автомобили и пешаци освен службените возила на рудникот.

Како што велат вработените кои ги контактиравме истите го чекаат премиерот Зоран Заев, да дојде и да се сретне со нив. Имено тој пред изборите им ветил плата од 700 евра и бенифициран стаж.

Ќе го вратиме стариот закон за пензионирање на рударите. И ќе покажеме социјален апсект и солидарност во оваа наша Македонија, зборуваше Заев во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори, сега година ипол потоа, нема ништо од најавите на Заев за бенифициран стаж, ниту пак од најавите кои сегашниот премиер ги даваше за плати од 700 евра.

Јавноста е сведок на невидена хајка против рударството, почнувајќи со измени во Законот за минерални суровини па се до запирање на изградбата на рудникот во Казандол.

Измените во Законот за минерални суровини треба да доведат до забрана на примена на цијанид, сулфурна киселина и други опасни супстанци во текот на геолошките истражувања, преработка и експлотација на минерални суровини за производството на готови производи од минералните суровини кај одредени руди се користи цијанид и сулфурна киселина во благи дозволени количини според светски стандарди. Овој закон ќе ја чини 3 милијарди евра во платени пенали за едностран раскин на договор според, Член 45 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство, а дополнително целосно ќе ја уништи рударската индустрија и ќе остави над 13 илјади луѓе без работа.

Владата на Република Македонија на синоќешната 58 седница реши да биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран. Ова е уште еден удар врз рударството, а се уште не се знае сумата која државата ќе ја плати за едностран раскин на договорот. За иронијата да биде уште поголема договорот за Казандол го има потпишано вицепремиерката, Радмила Шеќеринска уште во 2005 година.

Експертите како и рударските синдикати во повеќе наврати побараа да се запре хајката која се води против рударската индустрија во Македонија. Доколку СДСМ продолжи со негативната кампања и собирање политички поени на цена на рударската индустрија, загрозени ќе бидат повеќе од 12.600 работни места. На 22.02.2018 година, извршниот директор Николајчо Николов изјави:

Се води организирана кампања против рударството во Македонија, со главно мото дека рударството е најголем виновник за загадувањето на животната средина. Гледаме написи „рудници на смртта“. Затоа сакам да истакнам бројки околу кои не можеме да се согласиме со невладините организации. Во рударскиот сектор, според Државниот завод за статистика, работат околу 12.600 луѓе. Тој претставува значителен извозник, рудниците за металични суровини извезуваат 180 милиони долари, а имаат увоз од 80 до 90 милиони долари, што значи дека сме позитивно извозно ориентирани. Рударите се редовно платени, редовно ги намируваме трошоците кон државата и кон вработените. Но две години се води хајка против рударството и сметаме дека е потребно да размениме мислење со новинарите и да ни се упатат прашања и критики, за вистинските информации да дојдат до луѓето.