Рударот со багер си го згмечил градниот кош

Нагмечување на градниот кош задобил вчера рудар од Пробиштип, 44 годишниот Игор С.

-Несреќата се случила во една од јамите на рудникот за олово и цинк Индо Минерали и Метали кај пробиштипското село Добрево, објави Канал 5.

Во критичниот момент управувачот со таканаречен рударски багер, при момент на невнимание бил пригмечен од багерот и таканаречената акул-локомотива.

За среќа, колеги веднаш притрчале и итно го транспортирале повредениот рудар во пробиштипскиот Здравствен дом,а поради сериозноста на повредите, истиот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница.

Според информациите од републичкиот рударски инспекторат, ова е трета несреќа за еден месец во пробиштипскиот рудник, но за среќа без загубен човечки живот. Со фрактури на рацете и нозете се здобија други двајца рудари од Кратово и Злетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.