Рудникот кај Иловица и Штука ќе вработи 400 лица и ќе ја живне локалната економија

Во рудникот кај Иловица и Штука првичното производство се очекува да започне во 2017 година, а полно производство ќе се постигне во 2018 година. Инвестицијата на Euromax Resources, канадска компанија со главна канцеларија во Лондон, ќе достигне до 500 милиони евра, а по стартот на производството се очекуваат од 350-400 вработувања. Засега е завршена предфизибилити студијата и започнати се основните студии за животната средина и за социјалните аспекти.Одобрена е и студија за оцена на влијанието врз животната средина.

„Изработката на предфизибилити студијата ќе допринесе да се одлучи што понатаму бидејќи таа обезбедува податоци за главната студија. Решенијата предложени во неа, ќе се разработуваат во поголеми детали во физибилити студијата.Трошоците ќе бидат утврдени со поголема точност и ако има одредени сомнежи по одредени прашања, во физибилити студијата сите прашања треба да се сведат на едно решение,“ изјави рударскиот инженер Драги Пелтечки вработен во Euromax Resources.

Ilovica 2

На концесискиот простор треба да има уште една фаза за истражно дупчење. Потоа ќе се оди на детално проектирање на секој објект кој е во физибилити студијата.Откако ќе се подготви главниот рударски проект, ќе се побара дозволаза експлоатација од Министерството за економија.

„Станува збор за истражно дупчење со кое се вадат цилиндрични слоеви од внатрешноста на земјата, парчињата од карпи се обработуваат, а потоа се испраќаат на хемиска анализа.Пробите кои се испраќаат на анализа се одредуваат врз основа на геолошките параметри на материјалот од дупчењето,“ додава Пелтечки.

Ilovica 1

Првпат во рудникот Иловица е дупчено во 2004 година од страна на американци, а од тогаш до денеска, врз основа на претходни анализи, се изведени 71 дупчотина. Реките и почвата околу идниот рудник се првите показатели за присуство на злато и бакар. Во овој случај навестувањата потекнуваат од Штучка река и Јазга. Пред американците, одредени истражувања правеле и германските геолози пред Втората светска војна , но и Геолошкиот завод во 1973 година.

РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Моментно во Euromax Resourcesима 16 вработени, а по стартот на производството се очекуваат од 350-400 вработувања. При вработувањето ќе се даде приоритет на жителите од регионот. Ќе биде потребна квалификувана работна сила како што се рударски, машински, електро-инжинери, хемичари и др.Според информациите од Инфоцентарот кој компанијата го отвори во Иловица минатата година, жителите секојдневно се интересираат за работата на рудникот, прашуваат кој ќе има предност во вработувањето, какви кадри им требаат, а поставуваат и прашања кои се однесуваат на заштитата на животната средина. Според Елизабета Стоева вработена таму, отворањето на рудникот е голем поттик младите да останат и да не ги напуштаат селата.Бидејќи тој дел од Македонија нема рударска традиција, можно е да се појави и недостаток на кадри. Но постои иницијатива во училиштата да се отворат паралелки со насока рударство.

CAM01351

Од инфраструктурата потребна е изградба на пристапен пат, бидејќи не може да се користи веќе постоечкиот кој се користи од жителите на овие села. Треба да се изгради брана захидројаловиште, флотациска постројка каде што рудата ќе се преработува. Рудата потоа ќе се носи до најблиската железница од каде што ќе се транспортира во топилница.
Во насока на заштита на животната средина, Иловица ќе биде прв модерен рудник во Македонија во кој процесот на производство ќе биде во согласност со најдобрите достапни техники и стандарди кои се применуваат во рударството во светот.

„Зачувувањето на животната средина е на прво место. На тоа сме обврзани од институциите кои ќе го финансираат проектот.“ објаснува Пелтечки.

Поддршката од Владата за овој проект е огромна, па луѓето од Еуромакс се во постојана комуникација со институциите од кои зависи завршувањето на административните работи.

ИЛОВИЦА НИЗ БРОЈКИ

Површинскиот коп кај Иловица и Штука ќе биде со масовна експлоатација од 10 милиони тони годишно. Тестирањата потврдуваат искористување од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот. Просечното годишно производство ќе биде 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Во предфизибилити студијата се утврдени 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда.

Ilovica 3

Во 225 милиони тони руда се проценува присуство на 70 тони злато и 410 илјади тони бакар.Концесискиот надоместок подразбира два отсто од вредноста на металот, од кои 78 отсто се исплаќаат во општината, 22 отсто во државната каса. Животниот век на рудникот е предвиден да трае 23 години имајќи ги предвид тековните сознанија од истражувањата.