Рудникот „Злетово“ го рестартира производството

Од денеска повторно почнува со работа рудникот за олово и цинк „Злетово“ – Пробиштип.

Новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“ ќе го обнови производството  во рудникот,  а согласно договорот со македонската Влада, истата компанија  треба да го рестартира и рудникот „Тораница“  – Крива Паланка.

Свеченоста по повод рестартирањето ќе се одржи на платото за истовар на руда во „Злетово“, каде ќе се обрати министерот за економија Дритон Кучи.

„Министрој“ ќе ги менаџира „Злетово“ и „Тораница“

На јавниот повик од Владата за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини за  „Злетово“ и „Тораница“, по прогласувањето стечај и ликвидација од претходниот концесионер „Индо минерали“, „Минстрој“ достави највисока понуда. Ќе ги менаџира  „Злетово“ и „Тораница“ за годишна концесија од два милиони евра.

RUDNIK_ZLETOVO

За рестартирањето на рудниците, „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“.

На потпишувањето на договорот со Владата во април годинава раководството најави дека ќе ги рестартира рудниците, ќе ги задржи на работа 1.000-те вработени  и оти ќе ги исплати заостанатите плати.