Руфи Османи: Македонците треба да учат албански јазик уште од основно образование

ислам дека се созреани условите, за и Македонците од основно и од средно образование да започнат да го учат албанскиот јазик исто како што Албанците го учат македонскиот, изјави во емисијата „Во Фокус” на Art Channel TV универзитетскиот професор Руфи Османи.

„Сакам да кажам дека еден квази аргумент на македонските интелектуалци е дека македонскиот јазик треба да биде јазик и фактор за интеграција, напротив, јас мислам дека условите се созреани, за и Македонците од основно и средно училиште да почнат да го учат албанскиот јазик исто како што Албанците го учат македонскиот јазик. И дури тогаш тие почитувајќи го нашиот јазик ќе го почитуваат и нашиот идентитет, и ние тогаш ќе го почитуваме нивниот идентитет и ќе дојдеме до таа реципрочна кохезија во два правци. Има почитување ако двете страни се почитуваат, нема почит ако на едната страна и се наметнуваат културните и јазичните вредности на другата страна, рече Османи.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Nz5N-1K6-2o