вторник, 13 декември 2016  |  Вести денес: 23

Руинираниот простор на „Елисије Поповски“ – нова зелена оаза во Центар

На некогаш калливата земјена површина, која служеше како див паркинг, општина Центар направи убаво уреден зелен простор од 580 м2 и засади 200 зимзелени садници – прекривки.

parkce-elisije-popovski-1

Последни вести

Руинираниот и запуштен простор на улицата „Елисије Поповски“ во Капиштец, на подножјето на Водно, прерасна во убава, хортикултурно уредена јавна површина.

На некогаш калливата земјена површина, која служеше како див паркинг, општина Центар направи убаво уреден зелен простор од 580 м2 и засади 200 зимзелени садници – прекривки.

parkce-elisije-popovski-2

Благата косина се разигрува со 50 грмушки од 2 типа: зимзелени и цветно-листопадни. Полевањето се изведува со ново поставениот автоматски систем, кој што ќе овозможи долготрајност и убавина на садниците.

 

Најчитани вести