„Руле турс“ ќе стопнисува со скопската Автобуска станица

На денешното  јавно наддавање за давање под закуп на Автобуската станица – Скопје, лоцирана под Железничката станица (Транспортен центар), постигната е цена од 213 милиони денари плус ДДВ за давање под закуп на Автобуската станица – Скопје за период од 15 години, кои што ги понуди компанијата „Руле турс“ ДОО Скопје.

За јавното наддавање беа заинтересирани седум компании од кои пет ги исполнија условите. До денот на јавното наддавање, од овие пет компании, гарантен депозит што беше услов за учество во усното јавно наддавање доставија 3 компании.

Во јавното наддавање, што се одржа во просториите на Град Скопје, учествуваа компаниите „Вардар експрес“, СИЗ за Патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје и „Руле Турс“ ДОО Скопје.

Победник на усното јавно наддавање е компанијата „Руле турс“ која понуди 213 милиони денари плус ДДВ, односно вкупната постигната цена за закуп и стопанисување со Автобуската станица – Скопје изнесува над 4 милиони евра.