Румен Петков: Северна Македонија значи Пиринска Македонија

Северна Македонија значи Пиринска Македонија, а тоа остава впечаток на бугарските институции, на Народното собрание  дека Северна Македонија е потенцијална територијална претензија кон нас. Ова е мислењето на лидерот на АБВ, Румен Петков, кое го искажал во емисија на “Здраво, Бугарија”, пренесува сајтот бугарски вести.

Според него е несериозно да се остават преговорите за името на државата само на Грција и Македонија, ако дојде до потпишување на договорот, по последните скандали по прашањето.

Се започна со договорот меѓу премиерите на Грција и Македонија, кој предвидува земјата да се вика Република Северна Македонија.

Петков ова го опишал како “ставање на Бугарија во деликатна позиција”.

Ние сме првата држава што ја призна Македонија (15 јануари 1992 година). Ова не значи дека треба да демонстрираме бескрајна форма”, рекол политичарот, осврнувајќи се на отсуството на реакција од Бугарија за одлуката Македонија да се преименува како “Република Северна Македонија”, вели тој.

Во дводневната посета на соседна Бугарија , претседателот Ѓорѓе Иванов не успеа да се сретне со бугарскиот премиер и министерката за надворешни работи кои како што беше кажано, токму поради однесувањето на Иванов ја откажаа средбата со него